”Тритекс” е избрана за една од најуспешните за 2013 година


5-та Манифестација "Избор на бизнис на годината" во организација на Зенит во соработка со Регионалната стопанска комора

Во петокот (15.05.2014) во ресторанот Амфора се заокружи уште една манифестација "Избор на бизнис на годината".

Компаниите   “Тритекс”, “2006 - Зоки лим” и “Нат текстил” се избрани за најуспешни за 2013 година, на манифестацијата што по  5-ти пат неделниот весник “Зенит” ја организира заедно со Регионалната стопанска комора.

Наградите ги врачи Претседателот на регионалната стопанска комора, Симон Наумоски, а успехот на компаниите им го честита Градоначалникот Марјан Ристески кој нагласи дека Општината заедно со мерките кои ги презема Владата, континуирано работи на подобрување на бизнис климата во градот.

Целта на Манифестација "Избор на бизнис на годината" е афирмација на прилепските фирми, преку промоција и популаризација на производите и услугите.

Воедно весникот Зенит ја обележа и 6-тата година од постоењето односно кога на 2 мај 2008 година излезе првиот број на неделникот. Во секој број на весникот во рубриката “Бизнис” бесплатно се преставуваат компаниите од Прилеп.

Извор:http://prilep.gov.mk/