НАСКОРО!!! Тритекс со нова специјализирана продавница во Skopje City Mall
Тритекс не престанува да ги изненадува своите потрошувачи. Затоа за нив спремивме уште една интересна локација, и тоа овој пат во Skopje City Mall.
Наскоро во специјализираната продавница ќе можете да го најдете целокупниот асортиман на производите на Тритекс актуелната бебешка, детска, женска и машка долна облека произведена во фабирката во Прилеп.
Производите на Тритекс исто така преку големопродажба се пласираат низ цела Македонија, и истите и понатаму ќе бидат достапни во неколкуте трговски ланци за конфекција и бутици, каде што можеа да се најдат и досега. Долна облека, исклучиво памучна каква што и треба да биде, максимално удобна, со внимателно одбран дизајн и докажан квалитет ќе биде достапна и за куповната способност на просечниот македонец.